Општина Крушево го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески каде после толку време се надеваме дека ќе биде изградено гробното место на нашиот великан.
„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје.“, изјави градоначалникот Христоски.
Огласот за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на спомен обележјето е објавен на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција