Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Обид на МВР да згасне Синдикат во МВР

Пренеси го гласот

“Поводот на оваа прес конференција е да ја соопштиме и обелодениме најверојатно огромната желба на МВР да го уништи Синдикатот на полиција во Македонија, синдикат кој едноставно без влакна на јазикот изминатиов период објективно упатува критики за лошото работење и менаџирање на министерството.

Да повторам спротивно на Закон иако тоа е забрането и МВР не може да се меша во работата и дејствувањето на синдикатот, Министерот односно негови високи структури каде е вмешана и внатрешната контрола во МВР по секоја цена спротивно на закон, спротивно на сите процедури во овој момент преземаат мерки, незаконски дејствија на секаков начин неосновано да се оцрни работата на СПМ. Работата е дојдена до таму каде се спрема најцрното сценарио на згаснување на СПМ а лудоста оди до таму за најави дека ќе бил избркан од работа претседателот на СПМ❗️

Бидејќи пред неколку дена Оливер, почитуван министре се пофали со најтранспарентно МВР, еве тука да те прашаме дали ти е целта да згаснеш Синдикат заради тоа што истиот се бори против се она незаконско што го направи врз работниците❓️

Толку ли ти сметаат синдикалните преставници па сеуште до ден денес се пресметуваш со нив? Ќе кажеш ли дали до сега имаш победено барем една правна битка на суд? Секако дека не. Замислете постои дури цела армија од вработени во МВР – функционери со задача да ја оцрнуваат работата на МВР само за да не излезе на виделина незаконското работење на Министерот и неговиот тим.

Министре Спасовски, наместо како Министер да се бламираш, да правиш некакви си претреси и слично кажи што сакаш да провериш и уште утре целата документација ќе ти биде донесена лично ти да ја видиш и да се увериш дека во СПМ нема ништо незаконско.

Или Оливер кажи што сакаш, дали сакаш и ние да се откажеме за да можеш така лагодно да си владееш во тоталната лага и пропаганда што ја пропагираш и спроведуваш секој ден. Но, нема да ти го направиме тој ќеиф и СПМ ќе продолжи да биде единствениот глас на работникот во МВР.
Ние во СПМ не ја знаеме таа некоја неодамна објавена анкета на некоја агенција ниту појма немаме дали е нарачана или не, но знаеме дека тоа што го претставуваш пред медиумите, презентација дека нема подобро Министерство од МВР сметаме дека е однапред смислено сценарио каде позади вистинската слика се кријат илјадници незаконски решенија, стотици измислени и неосновани дисциплински постапки од внатрешната контрола и раководителите за по секоја цена да се сее страв за да полицаецот да не може да го крене неговиот глас. Скандалите кои секојдневно излегуваат го говорат спротивното од она што го говори Министерот.

🎯Замислете до нас допреа гласини дека постои закана дека Министерството ќе ни ја забрани членарината што им се сопира на членовите само заради тоа што ја кажуваме вистината за која знаеме дека дека некого тоа многу го боли.

Го повикувам премиерот Ковачевски, надлежните институции, амбасадите да преземат мерки и да го запрат ваквото незаконско дивеење на МВР.

На крај да му порачам една порака на Министерот Спасовски:
🎯Министре нема пример во светот каде Министер за внатрешни работи згаснал синдикат. Ти воопшто нема ни на крај памет да бидеш првиот…почитуван”

-интегрален текст на прес конференцијата на Синдикатот на полицијата на Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот