СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Е.(38) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 01.09.2025 пријавениот без дозвола и согласност од лице од Штип, со намера за искористување на нејзините банкарски податоци, неовластено навлегол во банкарскиот систем – банкомат од банка, додека се уште била активна сесијата од бесконтактната најава со банкарска картичка, по што извршил една трансакција, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупен износ од 25.000 денари.
Од банкомат на кој била активна бесконтактна најава на претходен корисник, присвоил 25000 денари во Штип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина