Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Од ново-крпено: Не дотраја ни една година Ул. “3” во Делчево по 8 месеци од изградбата, сега се реконструира

Пренеси го гласот

Улицата “3” во централното градско подрачје за чија што изградба градоначалникот на Делчево Горан Трајковски потроши голема сума на пари од општинскиот буџет минатата година сега е предмет на реконструкција од страна на локалната власт. И нормално за тоа граѓаните нема ништо да видат или слушнат во соопштение од “транспарентната” општина Делчево!

Сериозните деформации на улицата кои се појавија набргу по изградбата претставуваа сообраќаен ризик за возачите па така наместо нова улица сега граѓаните ќе добијат крпена улица, со оглед на неспособноста на локалната власт предводена од градоначалникот Горан Трајковски квалитетно да биде во прв план изградена самата улица.

Инаку изградбата на оваа улица беше во рамки на проектот на МСИП преку кој градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски потроши над 8 милиони денари од кои што над 5 милиони денари се задолжување кое што во наредните години ќе треба граѓаните да го враќаат од парите на буџетот на општината.

Ваквиот аматеризам на неквалитетна реализација на градоначалникот со пари кои што ги нема на располагање а со чие што трошење се фали во јавноста со цел за добивање на некој политички поен повеќе е непосакувана пракса и истата треба да биде надмината во иднина.

За ваквата состојба реагираа и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево чија што реакција ја пренесуваме во продолжение:

“Фушерајското работење на градоначалникот Горан Трајковски од далеку се гледа‼️

Не поминаа ниту осум месеци откако градоначалникот Горан Трајковски се фалеше дека со парите од граѓаните ја изградил улицата “3” во централното градско подрачје за веќе истата деновиве поради неквалитетната изведба ќе мора да се реновира и тоа повторно од парите наменети за граѓаните.

Новиот асфалт веќе е пропаднат и деновите интензивно се гребе‼️

Зошто градоначалникот Горан Трајковски дозволил таков несериозен приста и изградба на улица “3” е прашањето кое ги мачи граѓаните на Општина Делчево⁉️

🗣 За појаснување е само дека изградбата на истата улица, од парите на граѓаните на Општина Делчево беа потрошени скоро 3 000 000 денари‼️

-соопштија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево за јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com