БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од претседател стана аналитичар на ЦивилМедиа на Џабир Дерала

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска поранешниот Претседател на “Severna” Стево Пендаровски имаше свое гостување во интервју за невладината организација Цивил на Џабир Дерала на нивниот портал https://civilmedia.mk/.

Во видео интервјуто Пендаровски зборува за повеќе актуелни теми меѓу кои и за подемот на десницата во Европа.

На прашањето од Џабир Дерала: Кои се причините за подемот на крајната десница, популизмот и национализмот во Европа?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Стево Пендаровски кој сега го претставуваат со “Проф. Д-р” е професор на Американ Колеџ во Скопје одговара: 

-Гледам дека последниве години аналитичариве долж континентов се бават со тие причинско-последователни односи, меѓутоа се задржуваат само на последните неколку години. Јас мислам дека причините за порастот на растот на крајната десница и национализмот во Европа треба да ги бараме децении наназад.

Значи, сосема накратко. Да потсетам на еден значаен момент во оваа насока, според мене, можеби најзначен, кога за прв пат на јавна сцена на Европскиот континент избива практично национализмот на прв план. Тоа се неуспешните референдуми за Европскиот устав во 2004-2005 година во Франција и во Холандија. Гледајте, некој ќе рече каква врска има тоа сè што било пред точно 20 години со ова денес. Меѓутоа, тогаш Франција решава да тргне по политиката Франција прво, ова што го гледаме последниве 7-8-10 години во Америка. Холандија, која е со децении, не со години, пример за мултикултурализам во Европа и пошироко – го одбиваат Европскиот устав, кој заговара уште поголеми политички интеграции, не само економски.

Денес, каква е состојбата во тие две држави? Денес во Франција имаме единечна партија која е далеку најсилна, на Марин Ле Пен. Две години од сега има председателски избори и тоа е новата нормала за Франција. Никому не му е чудно што Марин Ле Пен – ако судот таму не каже нешто друго, ако не и евентуално и забрани да се кандидира – може да биде фаворит на тие председателски избори. Значи од пред 20 години, да ја наречам грубо, црната овца на европската политика, националистичка, ксенофобична, антиевропска, сега доаѓа да биде, и тоа нема никаква врска со Макрон, во однос на целокупното политичко милје и амбиент во денешна Франција, тоа е доминантна политика, не фигура, политика и концепт.

А во Холандија, европскиот, јас би рекол и светскиот шампион во мултикултурализам, денес, таа држава е предводена од партијата на Герт Вилдерс. Освен што има 30% најмалку од холандското избирачко тело, фрапантно, третина гласаа за тој фашист. Холандската влада денес е предводена од тој човек, од тие луѓе, неговата партија. Неколку други настани кои во тоа време покажаа дека Европа се движи кон таа несакана насока, според мене, е големата светска економска криза, осма, деветта, која почна во Америка, но многу повеќе се прекрши во Европа, отколку во Америка.

Паметите, сите напори што беа насочени кон спасување на грчката економија, во тоа време беа затекнати со класично одбивање од доминантен број на грчкиот народ. Мислејќи дека богатите во Европа ќе ќарат, размислуваа да го напуштат еврото, да се вратат на драхмата, и остана и ден-денеска чувството, не само во Грција, и во неколку други држави кои беа погодени посебно од таа криза, Италија, Шпанија, Португалија, на прво место, остана чувството дека големите држави во Европа, ќарија повеќе од таа криза, на сметка на грбот на помалите држави.

Целото интервју со поранешниот претседател Стево Пендаровски може да го прочитате/погледнете на https://civilmedia.mk/

Креирано од:


Пренеси го гласот