Неодамна во дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 ТВ поранешниот командос на Шарената револуција и пратеник во Македонскиот парламент од Коалицијата предводена од СДСМ Павле Богоевски, јавно, јасно и гласно обелодени голем број на сочни детали за чинот на најголемото предавство на Македонските национални интереси во нашата историја.
Насилната, противуставни и незаконска промена на Уставот на Република Македонија во Македонскиот парламент во јануари 2019 година по неуспешниот референдум на 30 септември 2018 година е чин со кој што беа направени огромни злодела против постоењето на Македонскиот народ и држава. Поништувањето на АСНОМ-скиот карактер на државата, откажувањето од фактот за постоењето на Македонскиот народ, демонизацијата и сквернавењето на Македонскиот јазик, редефинирање на историските факти и вистини од Македонската историја, како и наметнувањето на јазичен геноцид под присила на двојазичноста се злодела за кои што историските науки во иднина ќе имаат многу што да кажат.
Целиот тој монструозен процес за денунција од Македонските национални интереси беше повеќе од очигледно дека се случува далеку од очите на јавноста со недозволени сретства и противзаконски методи. За оваа наглува вистина да биде обзнанета во јавноста се погрижи токму Павле Богоевски кој што пред целата Македонска јавност на констатацијата на Филип Петровски дека се носеле пратеници со полиција (Крсто Мукоски) за да гласаат за да го промени името, соопшти дека тоа не е криминал и дека имало објективен критериум за Мукоски да добие амнестија наспроти сите останати осудени во настаните од 27 април 2017 година во Македонското собрание. Павле Богоевски соопшти дека тој инсистирал за ставање на тој критериум и дека не е оправдано Крсто да добие амнестија но “добивка која што оваа држава ја стекна со неговиот глас прави да биде истрпливо не оправдано”.
Дополнително Павле не сакаше да одговори на прашањето дали затоа потоа му биле давани тендери на Крсто Мукоски од страна на власта на Зоран Заев.
Целата оваа дебата може да се слушне во 46-та минута од видеото во продолжение:
Ваквите зборови на Павле Богоевски даваат дополнителна гласност кон разобличувањето на насилната и незаконска промена на Уставот на Република Македонија против волјата на мнозинството Македонски граѓани кои што го бојкотираа референдумот на 30 септември 2018 година.
Во актуелните политички состојби во државата се наметнува прашањето зошто баш сега Павле Богоевски дава дополнителна јавност во целиот тој матен процес кој што се случуваше во очи промената на Уставот каде што тој имал директно учество?
Слаба е веројатноста дека кај овој “Шарен револуционер” проработела свеста за да си ги искупи сопствените гревови од неправдата која ја нанесоа тој и неговата политичка банда на опортунисти, а се поверојатно е дека се прават обиди и се крцкаат нови епизоди од серијалот за девастацијата на Македонските национални интереси.
Пишува: Кирчо Анастасов
(За Павле познат од 2017 година како преведувач од албански во Делчево)


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст