БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од Виничка страна 6,5 км асвалт од Делчевска 2,4 км за поврзување на овие две општини преку с. Бигла и с. Трсино

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наместо 4,6 км од виничка страна , градоначалникот Димитров обезбеди средства за асфалтирање на уште 2 км за комплетно покривање на патот кој поминува низ село Трсино, а во рамките на проектот за реконструкција на регионалниот пат Виница-Делчево преку Бигла,

-информираат од страна на општинската администрација

-Продолжуваме со градежната офанзива, продолжуваме со проширување на патниот правец од црквата Св.Спас па до село Трсино, најпрво беа предвидени 32 милиони денари за овој патен правец, но во договор со ЈП за државни патишта, наместо 4,4 километри, деновиве се обезбедени дополнителни 10 милиони со кои ќе асфалтираме уште два километри, или вкупно 6,5 км, со што ќе го поминеме и село Трсино,  до село Трстија до пропустот кој го направивме и таму ќе заврши асфалтирањето. Овој пат исто така добива и проширување од 3 на 5 метри, до крајот на септември ќе биде целосно завршен, 

-соопшти Градоначалникот Димитров. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до Виница започна во текот на летото, од делчевска страна се асфалтирани 2,4 км до селото.
Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта, и за истиот првично беа издвоени 52 милиони денари , деновиве се одобрени дополнителни 10 милиони денари, а изведувач на работите е ЈП Македонија пат.

Градежните работи треба да завршат до крајот на септември.

Извор: Фејсбук страна на

Ивица Димитров – Градоначалник на Општина Виница 

Креирано од:


Пренеси го гласот