БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одлична атмосфера на првата вечер од Урбан Фест, фестивалот продолжува и вечерва

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вечерва од 20:30 часот на „Вембли“ во Градски парк продолжува Урбан Фест со настапи на Зарина Првасевда, Миа Перевска, Полина, Симона Поповска, Александар Тарабунов, Сара Мејс, Тони Зен, Два Бона, Ерик Фокс и Преку Ред – влезот е бесплатен

Со одлична енергија, многубројна публика и богата музичка програма, синоќа успешно започна второто издание на Урбан Фест – единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија.

На првата фестивалска вечер настапија учесниците од проектот Музичка Фабрика, Дорис Ди, Марија Спасовска, Јована Лалчевска, Калина, Бојана Арсовска, Лука Чомбе, Шаро, Фико, Муфи, Инсерта, Вански, Лара, Пајак, Теа, Таско и БДМ, кои придонесоа за одлична фестивалска атмосфера и уште еднаш ја потврдија енергијата на домашната музичка сцена.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Музичката приказна продолжува од 20:30 часот на локацијата „Вембли“ во Градски парк, каде публиката ќе ужива во нова вечер со настапи на некои од најактуелните македонски изведувачи.
Влезот е бесплатен, а организаторите ги покануваат сите љубители на домашната музика да бидат дел од уште една фестивалска вечер исполнета со добра музика, позитивна енергија и дружење.

Со своето второ издание, Урбан Фест уште еднаш ја потврдува мисијата за поддршка и промоција на македонската музика и создавање простор за различни генерации домашни изведувачи. По повод роденденот на Урбан ФМ радио и крајот на учебната година, фестивалот и оваа година ја слави домашната музика, младите таленти и современата македонска музичка сцена.

Креирано од:


Пренеси го гласот