БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 18.03.2025 во 10.10 часот на автопатот  Скопје – Велес, на наплатна станица  Петровец, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во МВР извршиле контрола на товарно возило – влекач „Мерцедес“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(47) од Скопје, а сопственост на правно лице. Притоа, бил констатиран прекршок по член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со член 26/10  од Законот за возила, односно затоа што сообраќајната дозвола на влекачот и полуприколката биле истечени и важеле до 24.04.2024. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace