БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Огледало на нашата бездушност: “Инфлуенсерка” на Стиховен Калибар се пее лесно но се доживува тешко, особено од оние со душа и срце

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Совеста на македонската хип-хоп сцена повторно проработи на најдобар можен начин.

Стиховен Калибар а.к.а. Горан Јанкуловски со својата најнова хип-хоп експлозивна музичка нумера дава до знаење дека луѓето како него се “тврд орев” и не се кршат и покрај се!

Кај него нема компромис, нема умилкување, нема љубезност… баш напротив- има остра реторика излезена директно од човечкото срце кое се бори со сите негативни и анемични појави во нашето секојдневие кои не’ опкружуваат на секој агол на секоја улица во секој трговски центар… насекаде.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со “Инфлуенсерка” Стиховен Калибар му вели на ова наше забревтано општество да подзастане и да се запраша какви тоа вредности се афирмираат во јавност? На какви “икони” се крстат македонските оптествени “ајкули” и како звучи една деградирачка индивидуална приказна за сите оние кои што се замислуваат и си придаваат статус на инфлуенсери за да завршат со рок на важење до кога им се држат нивните физики атрибути.

Оваа помалку и тажна приказна за некакви инфлуенсери “што ја продаваат својата интима” допрва ќе си ги покаже своите штетни ефекти во Македонското општество, а музички спотови како овој на Стиховен Калибар само се обидуваат да освестат барем една единка повеќе од штетните насоки во кои е тргната цела една генерација млади луѓе.

Со “Инфлуенсерка” Стиховен Калибар не се само бори против оваа неубава и штетна појава. Тој воспоставува алтернативен пат на вредности кои се искреност, чесност, моралност- квалитети што можат да го спасат светот.

Од музички аспект рефренот на песната е особено заразен со едноставна но многу заразна музичка матрица на која какко природен украс се редат острите и бескомпромисни лирски целини.

Како музички и естетски консумент не ми се допаѓа претераната употреба на вештачката интелигенција во креирањето на видео записот и би сакал наредното видео од овој посветен македонски артист да го видам со олд скул видео снимено на местото на “злосторството” по “вриежот” на асфалтот на улиците на нашите градови во “калта” на заборавените паркови, во темнината и “сивилото” на вечерната бездушност и бесцелна забревтаност.

Стоховен Калибар е еден од најагажираните музички артисти кој во континуитет ја одржува својата творечка динамика, не дозволувајки времето да го угуши неговиот творечки сензибилитет, што апсолутно во Македонски рамки е за особена почит и внимание.

Креирано од:


Пренеси го гласот