БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Огромна енергија за најголема победа на село Ѕвегор, делчевско на 17 Октомври

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше во официјална посета на делчевското село Ѕвегор, заедно со дел од кандидатите за советници од опозициската партија и коалицијата. Ваквата посета и не беше нешто невообичаена бидејки Д-р Николчо секојдневно по неколку пати е присутен во ова преубаво делчевско село поради професионални обврски. Но вечерва во рамки на неговата предизборни активности официјално Д-р Стојменовски присуствуваше на отварање на неговиот граѓански штаб од каде што ќе остварува поефикасна комуникација со големиот број негови поддржувачи од селото Ѕвегор.

Д-р Николчо Стојменовски следејки ја енергијата со која беше пречекан од жителите на Ѕвегор од центарот на селото ја најави една од најголемите победи а можеби и најголемата победа на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

“Достоинствен пречек кој охрабрува создавање на нови дела, низ проекти кои ќе ги реализираме во село Ѕвегор.
Вечерва имав особена чест да бидам пречекан од непокорните и секогаш вредни жители на село Ѕвегор.
Овде, во едно од најубавите села во Делчево, но и пошироко, отворивме нов граѓански штаб кој ќе биде еден од центрите од каде постојано ќе бидам во комуникација со жителите на село Ѕвегор.
Гледајки ја енергијата на овие мои пријатели, верувам дека на 17 октомври овде ќе ја славиме една од најголемите победи во општината.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напиша кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Николчо Стојменовски во врска со оваа негова посета на селото Ѕвегор.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace