‘Офајдени’ земјоделци – среќна општина!
Регистарски таблички за земјоделска механизација во просториите на МВР Делчево веќе неколку месеци “нема ни за лек”!
Неодговорно и неспособно работење на Министерот во заминување Оливер Спасовски доведува до директна штета на стандардот на граѓаните и спречување да си ги извршуваат своите работни обврски.
Иако изминативе години сме сведоци на ударот на државната економија врз џебот на најранливата категорија на граѓани ,а тоа се земјоделците – да плаќаат персонален данок на доход за секој продаден килограм производ , сега граѓаните на општина Делчево се спречени и да ги посетат своите ниви , а не да помислат да работат затоа што полициските службеници ги дебнат на секој чекор…
И да појасниме за сето ова немаат вина службениците овде во Делчево кои професионално и чесно си ги вршат работните обврски, а некој од Владата во заминување на СДС-ДУИ кој најверојатно неуспеал да ги договори провизиите од тендерот за набавка на истите.
Овој неодговорен однос кон троцифрен број на земјоделци , сопственици на трактори во Делчево го достигна дното!
Успеавте секој еден граѓанин во нашата општина да ја почувствува вашата ужасно менаџирана политика на своја кожа.
Власта во заминување можеби и не знае што значи и за што се употребува превозното средство трактор, покрај удобноста во спортско – елитните коли.
– Да ви појасниме : Тракторот на земјоделците ни служи да отидеме со него до нивите од кои произведуваме продукти за да преживееме!
Со тракторот одиме да набереме дрва, кои ако немаме со што да ги донесеме до дома , здравјето на целото семејство е загрозено!
Но, истиот мора да биде легално регистриран, и да има регистарски таблички кои вие ги немате доставено во управните служби на МВР – Делчево веќе неколу месеци наназад!
Која е вашата цел?
Револт на земјоделците?! – Веќе го имате.
Да ги казнувате земјоделците и да им ги одземате тракторите?! – нема да дозволиме.
Други да ја сносат вашата неодговорност и изживување кон маката на народот кој го донесовте на работ на сиромаштијата?! – Можеби се гордеете со сиромаштијата на народот , но не ја потценувајте интелегенцијата на народот со која ја увидуваат вашата ‘мизерна политичка игра ’.
Како партија која постои исклучиво само за народот, ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на револтот на земјоделците и сопственици на нерегистрирана земјоделска механизација во Делчево кој е огромен!
-реакција упатена во јавноста од страна на Иван Гоцевски– Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи