БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозицијата во Кочани бара бесплатен паркинг во градот додека траат мерките

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Лефков со своја реакција во јавноста побара од надлежните локални власти ослободување на граѓаните од плаќање на паркинг во централното градско подрачје во Кочани додека траат карантинските мерки на владата.

Во продолжение го пренесуваме неговиот статус на фејсбук:

“Парадоксално, Општина Кочани преку КЈП “Водовод” и денеска продолжува со наплата на паркинг во централното градско подрачје!
❌Вработените во службата за наплата, се изложени на зголемен ризик од зараза а заради големиот број на контакти кои ги остваруваат во текот на денот ги загрозуваат и другите!
❌Угостителите и голем број на други субјекти имаат забрана за работа и трпат штети заради заштита на јавното здравје. ❌Зошто КЈП има друг третман?
❌Зошто парите за нашето јавно претпријатие се поважни од здравјето на вработените и на граѓаните останува уште едно неодговорено прашање.
❗️КЈП треба веднаш да престане со наплата на оваа давачка додека траат карантинските мерки!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Бесплатен паркинг додека траат мерките!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace