БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозицијата во Штип обвинува за поткуп на социјално загрозени семејства во очи Претседателските избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја алармираат јавноста и надлежните институции за постоење на сомневање дека локалната самоуправа преку територијалната противпожарна единица во општината врши дејствија кои се спротивни на одредбите од Изборниот законик.

Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ од Штип:

На дваесет дена пред изборите за  Претседател на Република Македонија, Локалната самоуправа врши дејствија кои се спротивни на одредбите од Изборниот законик.

Имено, сабајлево, вработените во Територијалната противпожарна единица, добиле изрична наредба овие дрва да ги поделат на социјално загрозени семејства.

Со оглед на тоа дека се работи за предизборен период, ја прашуваме локалната власт:

Дали е ова класичен предизборен поткуп и тоа на најранливите категории на граѓани?

Дали со ова не се повредува Изборниот законик?

Дали Градоначалникот знае дека доколку се утврди поткуп на гласачи, тоа е кривично дело за кое има сериозни санкции?

Ги повикуваме надлежните институции да истражат дали во случајов се користат ресурси на јавните институции за целите на една политичка партија, токму во периодот на предизборието!

-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот