БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Берово, го најавува големиот ЕТНО Плоштад Фестивал 2019

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во пресрет на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, Општина Берово веќе се подготвува за Етно Плоштад Фестивалот, кој ќе трае пет дена – од 23 до 27 август. Целта на фестивалот е континуирана промоција на културното наследство на регионот преку создавање на атрактивен културен настан на кој ќе земат учество изведувачи од  различни земји од балканот.

Етно фестивалот е една од клучните  алатки за промоција на Берово како атрактивна дестинација за развој на алтернативниот туризамот.

Сите посетители ќе имаат можност да проследат една исклучително богата програма со настап на голем број  препознатливи музички имиња со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови, а сепак ќе се запази и на препознатливиот идентитет на Етно фестивалот. Оваа година Берово ви ги нуди – Џенан Лончаревич, Влатко Лозаноски – Лозано, Влатко Стефановски, Ефто Пупиновски, Синтезис и многу други.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За време на фестивалот, Етно плоштадот во Берово ќе понуди богат избор на храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace