БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Делчево тоне со непродуктивни расходи. Градоначалникот набавува елка за близу 1,2 милиони денари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општината Делчево не може да се пофали со некаков развој ниту пак некаква економско придвижување кон позитива и отварање на перспективи за развој! Баш напротив!

Општина Делчево е една од најсиромашнниот општини во Македонија чии што граѓани масовно се исселуваат со години наназад во странство во потрага по светла иднина. Последни поголеми инвестиции во општината од пред неколку години се две бензински пумпи и последно две згради за колективно домување во градот Делчево. Подобрувањата на инфраструктурата многу бавно се реализира како во градот Делчево така и во руралните населени места а во општината се уште постојат домаќинства кои што немаат доволно квалитетна вода за пиење, газат кал по сообраќајниците до нивните домови и се дават во фекалии поради недостиг од фекална канализација. Наместо обезбедување на основните услови за нормален живот на своите граѓани, градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски троши огромна сума на пари за набавка на новогодишно украсување на градот.

За ваквата поразителна состојба своја реакција преку социјалните мрежи упатија од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Со Горан Трајковски на чело, општина Делчево е една од најсиромашните општини во државата со тенденција за понатамошно пропаѓање!

Наместо фокусот да биде развојот на општината и подобрување на стандардот на граѓаните, градоначалникот Трајковски троши огромни суми на пари на непродуктивни расходи,”

-велат од опозициската партија во Делчево. Притоа од ВМРО-ДПМНЕ ја алармираат јавноста за недомаќинското трошење на огромна сума на пари од 1 милион 177 илјади денари за набавка на новогодишна елка и покрај тоа што општината е со блокирана сметка.

“Последниот од низата скандали на раскалашено и недомаќинско трошење на парите на граѓаните е набавка на новогодишна елка по цена како што стои на бирото за јавни набавки по цена од над 22 илјади евра!”

-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево. Притоа од опозицијата во Делчево ваквото трошење на енормна сума на пари за елка, ја истакнуваат како своевидно лицемерие на градоначалникот Трајковски кој што во периодот од 2014 година па се до неговиот избор за градоначалник во 2017 година се спротивставуваше на проектот за “Скопје 2014”, реализирајки сега десет години подоцна проект “Делчево 2024”

“Со тоа мандатот на Трајковски ќе биде запаметен по сето она против кое се бореше како шарен револуционер!

Протестирајки против споменици во Скопје 2014, Горан Трајковски прави Делчево 2024 година со неговата најударничка парола “Немаме пари за леб а трошиме за чоколадо”.

Ден денес стојат искршени жардинериите на кои се качуваше Горан Трајковски протестирајки против се она што денес истиот тој го прави!

Дали денес Трајковски ќе излезе да протестира против набавката на елка и тоа за цели 22 илјади евра, додека цели населби немаат вода за пиење, граѓаните газат кал и се дават во фекалии?!

СДСМ и неговите ЧАСНИ кадри ја потонаа државата и општините каде стигнаа нивните функционерски апетити, но не за долго!

Одговорноста за сите криминали доаѓа многу бргу од денес!

Граѓаните на Делчево заслужуваат подобро.”

-стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатено преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот