БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Македонска Каменица работи на поттикнување на одржливи решенија за развој на туризам и земјоделието

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во пресрет на динамичните економски процеси кои што се случуваат во регионот, општина МАкедонска КАменица во соработка со признаени експерти во својата дејност, како и со поддршка на Рудникот Саса, наоѓа начини за воспоставување на нови можности за локалното стопанство и за граѓаните на општината.

Во тој контекст градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски заедно со дел од неговиот тим е вклучен во стратешко партнерство со фондацијата Саса и Централ Азија Металс во чии што рамки на соработка веќе се постигнати одредени резултати на подобрување на капацитетите за идна соработка.

Во серија на работилници веќе е формализирано споменатото партнерство и се одобрени плановите за понатамошна имплементација на проекти во функција на економскиот развој и диверзификација на економската активност на Македонска Каменица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот на општина Македонска Каменица со голем ентузијазам е вклучен лично во овие проектни активности во интерес на граѓаните на Македонска КАменица и можностите за отварањето на нови работни места со добро платени работни позиции за граѓаните пред се за младата популација на општината.

“Заедно со нашиот најголем стопански капацитет – Рудник Саса и експертите од Prime Point веќе неколку месеци работиме на изнаоѓање на одржливи решенија за економски напредок на Македонска Каменица.

Насочени сме кон подобрување на локалната инфраструктура, кон создавање услови за одржлив развој на туризам и одржлив развој на земјоделието.

Наша цел е враќање и задржување на младите во Општината, а од почетокот на наредната година ќе стартуваат и нашите програми за поддршка на нови бизниси и изградба на модерен Општински центар за услуги преку кој ќе се менаџираат сите овие процеси.

Продолжуваме одговорно и посветено во градење на силна и просперитетна Општина Македонска Каменица.”

-соопшти градоначалникот на општина МАкедонска КАменица Димче Атанасовски во врска со оваа одлична соработка.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace