БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Пехчево има силни партнери за развој на нови проекти за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански денеска оствари важна работна средба со прогмаската координаторка на ТИКА од Скопје, со која што имаа плоден разговор за можностите за воспоставување на нови партнерства и соработка од кои ќе имаат придобивка сите граѓани на Пехчево.

“ПЕХЧЕВО – НА ВРВОТ НА ИСТОКОТ, СО ПОГЛЕД КОН СВЕТОТ

Денес остварив работна средба со Програмскиот координатор на ТИКА во Скопје, г-ѓа Шејма Бабајигит, на која разговаравме за можностите за воспоставување конкретна соработка меѓу ТИКА и Општина Пехчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нашата цел е оваа соработка да прерасне во конкретни проекти и поддршка што ќе имаат директна корист за граѓаните на Пехчево и ќе придонесат кон понатамошниот развој на општината.

Верувам дека со добри партнери, јасна визија и конкретни идеи можеме да отвориме нови можности за Пехчево.

Ова е само почеток на едно ново партнерство.

Пехчево – на кровот на Истокот, со поглед кон светот! 🌄🌍

#Пехчево#ТИКА#ШејмаБабајигит#МеѓународнаСоработка#Партнерство#ЛокаленРазвој“

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански во врска со овој работен состанок.

Креирано од:


Пренеси го гласот