На денешната прес конверенција на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа презентирани дел од лагите со кои Зоран Заев сака да ја манипулира целокупната Македонска јавност.
Текстот на обраќањето на Орце Ѓорѓиевски го пренесуваме интегрално во продолжение:
Почитувани,
Договорот за промена на името кој Заев и Димитров го потпишаа со Грција е штетен и капитулантски. Според членот 1 од договорот, името ќе биде обврзувачко и неотповикливо.
Заев ја запечатува судбината на државата и го менува името трајно. Заев трајно го понижува целиот македонски народ.
Почитувани,
Со овој договор Република Македонија доброволно се откажува од привремената спогодба помеѓу Република Македонија и Грција, од 13 септември 1995 година, со која Грција се обврза да не го блокира нашето пристапување кон меѓународните организации под привремената референца.
Со овој договор Република Македонија дополнително се откажува и од пресудата на меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, пресуда која нотира дека Македонија е во право, а Грција не е во право и истовремено наложува на Грција дека не смее да ја блокира Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Тоа е нешто што беше тешко стекнато и беше победа на нашата дипломатија во тоа време.
Заев и Димитров само со еден потпис ја укинаа одлуката на судот на Обединетите Нации во Хаг. Со овој договор Заев и Димитров се ставија над меѓународното право кое беше на страната на Република Македонија и истото го погазуваат.
Заев лаже кога вели дека Република Македонија ништо не губи со овој договор. Со потпишувањето на овој договор директно се задира во идентитетот и јазикот на нашиот народ, директно се менува Уставот и секаде ние ќе бидеме Северна Македонија.
Заев лаже дека нема да има промена на кодовите. Согласно овој договор за промена на името кој што го потпишаа Заев и Димитров кодовите се менуваат и наместо МК и МКД ќе биде НМ и НМК.
Ваквата капитулација не е и не може да биде покритие за криминалниот картел на власта. Ваквиот штетен договор не може да биде покритие за барањето поткуп кое што впрочем го видоа сите граѓани на Република Македонија и амнестијата која што истовремено сам си ја обезбеди Зоран Заев. Затоа Македонија не ги отпочна преговорите за членство со Европската Унија туку се бараат дополнителни услови и исполнување на реформи кои оваа неспособна и расипничка власт очигледно не умее да ги изведе.
Република Македонија е оштетена страна со овој договор, а целиот наш македонски народ е губитник. Ова понижување не смее да продолжи. Зоран Заев и СДСМ мора час поскоро да си заминат од македонската политичка сцена. Република Македонија мора да тргне напред.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар