Антоан де Сент-Егзипери, францускиот писател и сонувач (роден 29 јуни 1900 година, во Лион – Франција. Починат 31 јули 1944 година, на 44 годишна возраст).
Уште од најраното детство имал преголема желба да пишува , но и скриена страст да стане пилот. Втората желба станала реалност во 1921 година кога станал пилот во Стразбур. Во 1923 година, тој имал авионска несреќа во Бурзе. Две години подоцна се запознал со познати писатели меѓу кои бил и Андре Џеди, кој ги поддржувал неговите книжевни способности.
Во 1926 година го објавил својот прв чин на Авијатичар. Летал низ различни места во Америка, каде што ги истражувал Патагонија и Кордилера. Во 1930 година му била доделена легијата на почести за заслуги во цивилното воздухопловство. Се оженил, но само кратко траела неговата хармонија во бракот, бидејќи неколку години подоцна често се чувствувал уморен и болен.
Учествувал како пилот на страната на сојузничките сили против Хитлеровата Германија.
За жал на 31 јули 1944 година, тој загинува на авион за време на мисијата, урнат во Средоземното море, на својата 44 годишна возраст.
Антоан имал три сестри: Габриел, Марија Магдалена и Симон, и еден брат, Франсоу. Јуни 1927 година неговата сестра Марија Магдалена умира од туберкулоза.
Автор е на многу статии, приказни и романи, вклучувајќи го и познатиот:
Југ (1928), Ноќен лет (1931), Земјата луѓе (1939), војна Пилот (1932), смислата на животот (1936), Цитаделата (1938), и најпознатиот, најдрагиот Малиот Принц, кого го напиша во 1943 година.
Да споменеме неколку цитати од единствениот Антоан :