БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Организатори и хушкачи со протести сакаат да ја урнат истрагата за одговорните за пожарот во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На социјалните мрежи самопрогласена иницијатива “Кој се следен” без јасно дефиниран профил на поединци кои стојат зад истата, организираат, афирмираат и пропагираат некакви протести со кои што бараат “одговорност и безбедност”.

Сомнителни ликови меѓу кои има директни инфилтрати на политички партии од левиот политички квантум со радикална реторика и недефинирани до крај пораки се обидуваат да придобијат на своја страна поголема група на граѓани за протести кои што во верига ќе бидат вовед во сценарио за поширока дестабилизација во државата и дополнително уривање на кредибилитетот на државните институции.

Ваквата пракса е веќе видено сценарио на т.н. Шарена револуција од 2016 и 2017 година предводена од политичката номенклатура на СДСМ и Зоран Заев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Специфично избраните пораки на инстаграм профилот “Кој е следен” се крајно проблематични и незаконски со што се прави директен упад во правниот поредок на државата.

Имено овие луѓе од сенка кои зад своите тастатури се обраќаат на јавноста повикуваат да бидат изнесени во јавност сите детали од истрагата како и целокупната документација на надлежните што е обид за уривање на обвинителската постапка која се води против осомничените лица во случајот со катастрофалниот пожар во Кочани.

Преку ваквиот упад во правната постапка на надлежните органи кои што во експресен рок приведоа над 30 лица за одговорност за пожарот во Кочани, се прави обид за диверзија на системот, за да во лавина се предизвика дополнителен револт кај граѓаните, а институциите мораат да бидат на ниво на задачата за да не влезат во ова деструктивно сценарио и да ја истераат правдата до крај за сите одговорни лица во случајот на најголемата трагедија од Македонската понова историја која се случи во Кочани.

Преку вакви незаконски барања лицата кои стојат зад администрирање на овој инстаграм канал сакаат да го урнисаат дополнително правниот поредок во државата до ниво на хаос, од кој што хаос во некоја наредна фаза политички партии, поединци ќе се обидат да профитираат политички на сцената во Македонија.

Документацијата која ја бараат НЕЗАКОНСКИ од оваа инстаграм страница со која се поттикнуваат протести во државата е дел од постапката и доколку се објават сега тие ќе бидат ништовни и целата постапка за одговорност може да пропадне.

Видовме дека и одредени медиумски мегафони се директно инволвирани во ваквото сценарио кое што вакви луѓе од сенка сакаат да го искористат на тагата и огорченоста на целата нација за своја политичка афирмација со цел за приграбување на власта во државата.

Македонскиот народ е мудар народ иако тагата и болката во овие моменти е огромна и знае да ги препознае ваквите појави за безаконие кои што ништо добро нема да донесат за ублажување на оваа тага и болка, само дополнителен хаос, радикализација на состојбата и веројатно можно насилство и дополнителни страдања и тоа на млади луѓе по улиците ов државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace