Хаосот и безредието кое го донесе Шарената револуција на Зоран Заев во 2016 и 2017 година е една од поголемите причини за деградацијата на фамозниот СИСТЕМ на кој што многумина деновиве се повикуваат по националната трагедија во Кочани.
Распадот на сите можни нормативи, огромни продивзаконски дејанија во делот на урбанизацијата, цртање ДУП-ови со растегање на законските рамки и правила по мерка на локални моќници беше одлика на владеењето на Зоран Заев и неговите градоначалници од СДСМ кои го следеа послушно и немо во неговите авантури.
На крилјата на таа Шарена Револуција Зоран Заев ветуваше ПРАВДА ЗА СИТЕ а тоа што го направи беше руинирање на и така деградираниот капацитет на институциите дотогаш.
Партизацијата на администрацијата и јавниот сектор по принципот “од чистачка до директор” си го зеде својот данок а институциите на државата толку многу се одалечија од потребите на народот што казната стигна во 2021 година на локалните избори до таа мера што СДСМ предводена од Зоран Заев доживеа драматично фијаско. Граѓаните кои беа изманипулирани од платениците на т.н. Шарена Револуција тогаш јасно му го покажаа правецот за политичко пензионирање на предводникот на таа Шарена Револуција кој најдебело профитираше од истата заедно со неколкумина негови “апаратчици”.

Деновиве ги гледаме на јавна сцена речиси истите тие мултиколоритни медиумски мегафони кои обезбедуваа јавност преку манипулации, искривени вистини и тотални дезинформации на тогашната Шарена револуција како се обидуваат повторно да потпалат револт кај определена категорија на граѓани, злоупотребувајки ја трагедијата во Кочани како катализатор на незадоволство во повторен поход за повампирување на зомбираниот СДСМ предводен од кадарот на Зоран Заев- Венко Филипче.
повторно на сцена гледаме самопрогласени пленуми организирани и хушкани од поединци од СДСМ, Левица, следени од неколкумина платенички медиумски мегафони кои им го формираат наративот во јавноста, лепејки се како најмизерни паразити на несреќата и огромната тага на цела нација.
За разлика од претходно (времето на владеење на поранешни влади на ВМРО-ДПМНЕ, како и времето на владеење на Зоран Заев и Димитар Ковачевски), експресната реакција на институциите за неколку денови пред лицето на правдата изнесе над 30 лица за трагедијата во Кочани со потенцијал оваа бројка да се проширува. Сега кога сите владини министерства и агенции, претпријатија… на чело со Премиерот Мицкоски се мобилизирани за општа битка со коренот на целото зло што овозможи трагедија од такви размери во Кочани минатиот викенд, повторно гледаме како радикални левичарски структури во државата се обидуваат да инсценираат протести шлепајки се на мирното одавање почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани.
Народот во Македонија е повеќе од свесен дека мирни граѓански собири многу лесно може да бидат радикализирани од страна на радикални поединци кои најчесто се обучувани за таа намена да предизвикаат одреден политички ефект во државата искористувајки ја масовноста на грашаните кои излегле на улица да го искажат своето несогласување со одредена појава во општеството. Не е никаква тајна дека постојат редица организации кои што се обучувани за создавање на нереди и провоцирање на одговор на институциите со крајна цел за остварување на политички бенефит сега за позиционирање на СДСМ во конкурентна политичка игра во тековната изборна година.
Револтот на граѓаните е повеќе од оправдан. 59 ангели заминаа на небото а на нас ни оставија црнина во срцата.
Не треба да дозволиме таа црнина да не вовлече во уште поголема темнина од која можеби ќе нема враќање.
Она што не успеа Зоран Заев до крај да го направи, сега е повторно во обид и се враќа да ја доврши работата.
Дали овојпат Македонскиот народ тоа ќе го дозволи?
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Сите на купче”
Прашуваат “Кој е следен”? -Па, Франкенштајн!
Како да зачуваме еден Македонец повеќе во државата?