Денеска Миленко Неделковски на социјалните мрежи пренесе видео на кое може да се видат сопственикот на порталот Инфомакс Александар Митовски и поранешниот претседател на СДСМ и Премиер Зоран Заев.
Двајцата очигледно- пријатели на видеото најпрво може да се видат како седат во опуштена атмосфера во кафетерија а потоа заедно излегуваат од локалот.
Александар Митовски Мечка преку неговите медиумски канали во изминатиот период е гласен противник на политиките на ВМРО-ДПМНЕ како и на владата на Премиерот Христијан Мицкоски коментирајки паушално разно-разни активности на владата во обид да ја манипулира јавноста со пренесување на половични и шпекулативни информации во јавност.
По катастрофалниот настан во дискотеката на смртта во Кочани Александар Митовски со неговиот портал и јутјуб емисии постојано коментира за настанот обидувајки се да поттикне дополнителен револт кај граѓаните кои што и така се под огромен шок и тага од самиот немил настан.
На видеото објавено кај Миленко Неделковски во графика стои дека
“Денес Александар Мечка Имфомакс на координација и состанок со Зоран Заев.”
Објавата на Миленко Неделковски на фејсбук во продолжение ја пренесуваме изворно:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија