БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот Мицкоски за херојoт од Брзата Помош Иле: Тагата не престанува, храброста и човечноста живеат во нашите луѓе

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нашиот народ одраснал и создал многу херои. Истокот од Македонија имал и има луѓе кои што со својата храброст но и човечност даваат надеж за целиот народ дека Македонскиот бит и постоење има сила во себе за силни подвизи.

Таков еден херој беше делчевецот Илчо Гоцевски кој со своето семејство работеше и живееше во Кочани. Тој кобен 16 март нему му падна судбината да биде возачот на брзата помош кој што со својата пожртвуваност спасуваше повеќе млади животи од кочанската дискотека на смртта..

По напорниот ден легна да одмори и не се разбуди.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквата херојски хуманизам е светол патоказ за секој еден човек, на кој начин се бори за својот народ.

Денеска во посета на ужаленото семејство на Илчо беше Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски, кој што препознавајки го подвигот на Илчо побрза да им пружи утеха на неговото семејство во овие безутешни мигови.

“Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани.

Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!

Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.

Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.

Вечна ти слава, Иле.”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace