Во организација на фондацијата “Ангеп Петров” и Општина Велес, во ОУ “Кочо Рацин”, во Охрид, со ликовна постановка на дваесет Рацинови портрети од Ангел Петров, се заокружува културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри” од Кочо Рацин.
Изложбата, досега, посетила повеќе училишта кои го носат Рациновото име низ земјата. Беа посетени: СУ “Кочо Рацин” од Свети Николе, ОУ “Кочо Рацин” од Петровец, ОУ ”Kочо Рацин” од Куманово, ОУ ”Кочо Рацин” од село Блатец, виничко и ОУ ”Кочо Рацин” од Нов Дојран. Во културната иницијатива учество зедоа повеќе од 3000 посетители – ученици.
Од нив педесеттина беа наградени ученици од литературниот и ликовен конкурс: Осумдесет години ”Бели Мугри” од Кочо Рацин“. Организатот, фондацијата “Ангел Петров”, од Велес, за најдобрите обезбеди благодарници и книги. – Дали оваа културна иницијатива, односно ликовна изложба ја постигна едукативната цел кај учениците?
Секако – да, за што зборуваат големиот интерес, посетеноста и вниманието што го доби изложбата, како и уште поголемото учество на распишаните конкурси – литературен и ликовен изјавила Светлана Петрова од фондацијата “Ангеп Петров”.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!