БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отец Ивица Тодоров: Храброста да се направи вистинско добро во суровата реалност е карактеристика на луѓе со ум, визионерство, мудра храброст, способност, решеност и вера! Таков е и нашиот Владимир!

Пренеси го гласот

Во контекст на претстојните Претседателски избори и кандидатурите на кандидатите кои што ја започнаа својата трка помеѓу граѓаните, се издвојува онаа на Владимир Ѓорчев. Бројни пораки за успех и поддршка пристигнаа од многу афирмирани и кредибилни поединци и групации во Македонија како и надвор од државата откако Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен и неуморен борец за каузата на Македонските граѓани ја објави гордо и достоинствено својата кандидатура пред партиската конвенција.

Еден од оние кои го поддржуваат Владимир Ѓорчев во својата намера е и Отец Ивица Тодоров, кој еве што напиша за оваа пригода:

Нашиот Владимир Ѓорчев ни порачува:
„Да победиме заедно
за Македонија! 🇲🇰️🇲🇰️🇲🇰“️

Пројави храброст и визија со кандидатурата за претседател на Македонија во време тешко, предавничко и збунувачко!

Да! Нема човек без мани и доблести, така и Влатко! Ги има и маните и доблестите. Но има една доблест која може да ги надмине неговите мани, тој е отворен за совет, за задлабочено расудување, за дебата со аргументи, за внимателно слушање! Тој има почит кон соговорникот без разлика колку истиот се разликува од него со ставот и воспитувањето!

Во време кога во светот, па и во Македонија, се искоренуваат и законски се менуваат традиционалните морални вредности втемелени на верската христијанска и муслиманска вистина и вековното искуство на човештвото нам ни е потребен човек кој е докажан борец за она што е традиционално, здраво, за она што е ЗА ЖИВОТ, за она што е морално и полезно во општеството, за семејни вредности, за здраво поколение кое е гарант за иднината на народот и државата!

Силните зборови набиени со нереална емоција брзо исчезнуваат во заборав, но храброста да се направи вистинско добро во суровата реалност е карактеристика на луѓе со ум, визионерство, мудра храброст, способност, решеност и вера! Таков е и нашиот Владимир!

Може да размислувата вака или онака, ама реалноста останува и некој треба да се справи со неа!
Подобро човек со вера и морал отколку уште еден oбезбожен манипулант и одработувач на структурите кои сакаат тотална релативизација на се што е Божјо, традиционално, полезно, нормално и здраво!

Нашиот Владимир Ѓорчев ни порачува:
„Да победиме заедно
за Македонија! 🇲🇰️🇲🇰️🇲🇰“️

Креирано од:


Пренеси го гласот