Од Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Медотиј” во Скопје ја информираат јавноста и идните потенцијални студенти на универзитетот дека на 22-ри Август во четврток ќе се одржи т.н. Отворен ден на кој посетителите ќе можат да се запознаат со идните студиски програми на самите факултети на универзитети.
Во продолжение го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на менаџментот на Универзитетот:
Драги матуранти, наши идни студенти,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22 Август ве кани на манифестацијата „Отворен ден“.
На Манифестацијата ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, ќе се презентираат активностите од студентите, центрите за кариера, алумни асоцијацијата на УКИМ.
Настанот ќе биде збогатен со богата уметничка програма:
18,00 часот – програма на студентите на Факултетот за музичка уметност, проследена со видео презентација на единиците на УКИМ и со филмот подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот
19,00 часот – дефиле на учесниците на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и Етно фестивал на солидарноста
20,00 часот – настап на фолклорните групи.
Во текот на целиот настан ќе биде овозможено on-line регистрирање на кандидатите заинтересирани за запишување во I-know системот со набавка на потребните пријавни листови.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week