БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отворен нов скијачки центар во јужна Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на пригоден начин во Кавадарци беше пуштена во употреба новата ски патека во скијачкиот центар Михаилово. На настанот присуствуваше градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев како и Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски кој за јавноста даде своја изјава, по што одговараше на новинарски прашања:

“Добар ден и од мене. Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина овој прекрасен објект, оваа ски- стаза. Дозволете ми да се заблагодарам и на сите оние општествено одговорни компании кои што учествуваа во изградбата на оваа стаза. Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост. 

Така што уште еднашка еве да не должам кажа градоначалникот се, дозволете да му честитам на него, на сите они кои што ја подржуваат работата, на пратениците од македонскиот парламент, членовите на македонската влада, советниците, администрацијата во општина Кавадарци, општествено одговорните компании, сите буквално кои што придонесуваат со својот ангажман во тоа да Кавадарци како општина навистина претставува едно прекрасно место за живеење. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата . Така што заеднички кога се работи, успехот е тука. Уште еднашка честитки и со лесно нека се користи, со убаво нека се користи оваа ски- стаза,”

-рече за присутните медиуми Премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот