Сташа Цветковиќ е името на „инструкторката“ за правење дестабилизација и злоупотребување на трагедија од Кочани. Студира архитектура во Белград. Можно е да е поврзана со тајни служби кои имаат за цел да го прелеат српското сценарио во Македонија.
Не изненадува фактот што странски државјани поради само на нив позната причина се обидуваат да предизвикаат дестабилизација во Македонија. Она што изненадува е неодговорниот однос на родителите кои дозволуваат нивните деца да се инволвираат во вакви сценарија кои што можат да бидат со несогледливи последици.
Во продолжение може да го погледнете видеото од состанокот чија цел била српско сценарио во Македонија. Крајна цел била хаос и дестабилизација, а за што членовите на Левица се координирале со Белград.
Она што Македонија можеше да го види на јавна сцена кога со немири, вандализам и подигање на општата тензија во државата во 2016 и 2017 година за многумина беше јасен пример до каде може да стигне едно такво сценарио по последиците кои ги предизвика. Деградација на целиот институционален капацитет, брутална партизација, грабеж и беззаконие беше резултатот од оваа т.н. Шарена Револуција. И по само неколку месеци од промената на власта истите структури повторно се на сцена и пропагираат за дестабилизација на државата сега злоупотребувајки ја тагата и горчината на цел народ, предизвикан од пожарот во Кочани. Таа деградација во огромна мера е причина за тој пожар а веќе сега се прави и обид за уривање на самиот процес за одговорност на сите осомничени (над 30 на број) лица преку упатување на јавно барање за објавување на целата доказна документација која обвинителството ја прибрало во рамки на постапката.
Инструкциите кои ги дава српската инструкторка на овие млади луѓе меѓу кои и членови на политичката партија Левица говорат за “бајатоста” и безидејноста на овие иницијатори и мотиватори, што е помал проблем во целата ситуација. Поголемиот проблем е што на ваквите инструкции се темелат врз немилиот настан во кој животот го загубија 59 лица а нешто помалу од 200 беа повредени од кои многумина потешко во пожарот во Кочани. Ваквата поставеност на организирање на овие луѓе зборува за фактот што тие се подготвени да газат и преку човечки судбини за да постигнат одреден политички ефект кој од и во прилог на СДСМ, ЛЕВИЦА и ДУИ чиј што политички кредибилитет беше деноминиран на последните избори лани во месец мај.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците
Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот