Струмица ОПЕН фестивал оваа година ќе трае од 9 јуни до 18 август, каде прераснува во струмичко културно лето со 10-неделна програма. „Осмото издание на Струмица ОПЕН фестивал ќе понуди над 30 настани распоредени во три месеци. Новитет за годинава е поголемиот акцент на спортско-рекреативните активности во соработка со локалните спортски клубови. Дел од настаните ќе имаат натпреварувачки карактер, а дел остануваат како повеќегодишна традиција за нашиот фестивал“- изјавуваат од Културен забавен живот.
Програмата на овој фестивал ќе биде за сите вкусови , богата со класична, џез, рок, поп, хип-хоп и електронска музика.
Најавено е присуство на над 30 домашни и странски музички ѕвезди.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија