БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димче Арсовски: Исход ќе има за сите непотистички вработувања како и за оние кои ќе се обидат да го заташкаат скандалот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во синоќешната емисија “Отворено” на АЛФА ТВ, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прашањата од водителката на емисијата кои се однесуваа за сите аргументи што опозициската партија ги изнесе во јавноста за непотизмот на власта а не се процесуирани од страна на новоформираната антикорупциска комисија како реаултат на тоа што според претседателката на оваа комисија се чекале документи од институциите:

  • Зошто не може Антикорупциска да дојде до документите?
  • Дали можеби очекувате дека пред изборите ќе излезат бомбастично неколку случаи и кои што наменски ќе бидат објавени заради предизборната состојба и некакво извесно влијание на резултатот?
  • Зошто тогаш толкава транспарентност и фама околу новата Антикорупциска ако чекаме до пред избори да излезе со било какви резултати?

-одговори:

Не сакам да поверувам дека нема да има било каков исход од сите овие непотистички вработувања, односно и претставка која ја поднесовме за 182 роднини на функционери од СДСМ кои што се вработени. Претставката беше поднесена пред неколку дена до антикорупциската комисија, и сметам дека смешни се тие изговори дека се уште се чека документација од институциите. Еве ако не можат да соберат документација, јас ќе им ја доставам.

Притоа Арсовски истакна:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ако сметаат дека на некој начин ќе се заташка сето ова, нема да се заташка, ние нема да оставиме така. Ние ќе бараме одговорност од сите инволвирани од сите оние кои што си ги вработиле своите роднини. И ќе бараме одговорност за сите оние кои што ќе се обидат на било каков начин да го заташкаат сето ова. Бидејќи ова е можеби еден од најкрупните скандали кои што ни се случија откако СДСМ е на власт

Овој дел од разговорот во студиото на АЛФА ТВ се случува помеѓу 21:40 27:10 минута во видеото:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace