БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Оваа Професорка знае што да направи рамо до рамо со граѓаните

Пренеси го гласот

Денешниот ден е специфичен по повече работи кои се случија/случуваат. 8ми Март се чини е еден од ретките празници кои го тераат човека повторно и повторно да си ги преиспита и подобри своите мислења, ставови и постапки. И притоа да продолжи некоја стара добра приказна или да започне нешто сосема ново.

Но се чини денеска Македонската јавност нема да може да го сврти своето внимание од женската своевидна украсна револуција на достоинство и гордост која се случуваше во Жена-Паркот пред Македонското собрание.

На голем собир околу споменикот на Македонскиот Прометеј, вечниот оган (угаснат од непознати причини) и таблата со повик за правда присуствиваа голем број на жени собрани по повод на птазникот.

Меѓу нив беше и професорката Гордана Силјановска која ја упати следната порака во оваа пригода:

Да, вистинското прашање кое треба секое општество да си го поставува, одново и одново, гласи: дали е 8 Март среќен? Дали е празник, и дали имаме со што да се гордееме на планот на женската еманципација и родовата еднаквост? Премногу едноставно е да се одржи говор или да се напише пригодно писмо со кое ќе се порача дека на Македонија ѝ требаат силни и остварени жени. Потребна е акција, а тоа се виде на лицата на жените (и мажите) со кои денес марширав во центарот на Скопје. Жените не сакаат цвеќе и празни честитки еден ден во годината, тие бараат еднакви можности во сите општествени и јавни сфери. Лично се нафатив да се борам против еден стереотип за жените во политиката. Жената, со својата специфична природа и пристап кон проблемите, може да биде силна и може да го менува општеството, ама и начинот на кој се води државата.

Ние можеме! Македонија, политиката и Јустиција – сите се во женски род!

Креирано од:


Пренеси го гласот