Фотографијата која во себе ја прикажува фотографијата на семејството на Чарлс Дјук снимена во 1972 година буквално е само виртуелна фотографија, бидејки нејзината содржина не постои на планетата земја.
Содржината на оваа виртуелна фотографија е обележана како дел од филмските и печатени архиви на лунарниот модул на мисијата на Аполо 16 во која како астронаут учествувал Чарли Дјук. Семејната фотографија на астронаутот снимена најверојатно во неговиот двор на семејната куќа со неговата сопруга и двете деца, присуствувала во нивниот дом извесно време, по што Чарли одлучил дека е добра идеја оваа фотографија да ја понесе со себе на вселенското патување на Месечината. Откако стапнал на месечината ја поставил семејната фотографија на прашината не месечевата површина по што направил фотографија со неговиот Хаселблад фотоапарат кој што бил дел од неговата опрема за месечево истражување.
Аполо Магазинот 117 кој што ден денеска ја содржи информацијата со оваа фотографија бил повторно внесен во лунарниот модул кој што потоа што се искачил во лунарната орбита и патувал се до земјината орбита од каде паднал во Пацифичкиот океан. Магазинот со оваа информација потоа бил пренесен во соодветна лабораторија каде што бил предмет на складирање. Неодамна информацијата со оваа фотографија била извлечена по што била ставена на увид на јавноста во САД преку изданието на книгата “Полна Месечина” на Мајкл Лајт. Меѓу 2000 фотографии објавени во неговата книга била избрана и оваа предметна фотографија. Книгата доживеала интернеционално издание во Германија од каде во форма на дигитална информација била пренесена во Австралија, од каде фотографијата преку интернет мрежата допрела до НАСА која пак ја поставила на јавна url адреса достапна како официјална фотографија од Аполо 16 мисијата.
Навистина живописно патување на една семејна фотографија, кое вреди да биде афирмирано од многу аспекти како приказна со големи цивилизациски придобивки.

Чарли Дјук бил 10 тиот човек кој што чекорел физички на површината на месечината. Тој ден – 12 април 1972 година Дјук на површината на Месечината во рамки на неговите три прошетки во рамки од период од 20 часови и 15 минути остави два предмети:
-Оваа семејна фотографија која не себе го носела текстот
“Ова е семејството на астронаутот Дјук од планетата Земја, кој што слета на Месечината на 12 Април 1972 година” и
-неговиот комеморативен медал издаден од Воените сили на САД.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата
Пушти го кучето нека провери…
Безвременски цитати: Емил Зола