Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Расел Кроу со семејството по 22 години летово ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

Пренеси го гласот

Холивудскиот актер Расел Кроу по цели 22 години изминатото лето повторно го посети римскиот колосеум- место каде го снимаше култниот филм Гладијатор.

Овој пат Расел Кроу не беше во улога на гладијатор туку со своето семејство кое го понесе со себе да им ги покаже локациите каде беше снимен филмот кој што остави големо влијание во светската поп култура.

Иако е поминато долго време страста на фановите за овој филм никоко не е намалена. Оттогаш Кроу се појави во голем број значајни филмски улоги од кои најновата е неговото портретирање на богот Зевс во филмот Тор: Љубов и громови на најголемата светска филмска продукција Марвел.

Иако ликот на римскиот генерал Максимус кој што го загуби семејството и стана роб, за потоа да стане гладијатор кој што му пркосеше на римскиот император, на крајот на филмот Гладијатор загина, сепак најавено е дека ќе се снима продолжение на овој филм, за кој што не е познато во кој период ќе се одвива дејството и дали филмот ќе биде поврзан со римскиот колосеум. Сепак е познато дека режисерот Ридли Скот е вклучен во продукцијата која веќе се случува за овој филм да биде започнат со снимање.

За големиот број на фанови ширум светот Расел Кроу во филмот Гладијатор ја имал неговата највпечатлива улога која што ја одбележала неговата кариера како актер.

“Ги одведов децата да ја видат мојата стара канцеларија”,

-напиша на твитер прославениот светски актер.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com