Вчера (12.12.2022) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток – Делчево, одржаа едукативно предавање на учениците во ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево за штетноста од употребата на пиротехнички средства и можните последици од тоа.
На учениците им беше посочено дека употребата на пиротехничките средства –петарди, може да предизвика тешки телесни повреди, па дури и траен инвалидитет, како и големи материјални штети на објекти, и дека неовластената употреба на пиротехнички средства на јавно место е казниво со закон.
Извор: МВР


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили