Времето овој викенд ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините. Минималната температура во одредени места ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 11 степени. Најниска температура во утринските часови ќе преовладува во одредени градови во западна Македонија, и со услови за локален дожд. Од понеделник се очекува значително затоплување, а во средината на идната седмица и неочекувани повисоки температури за овој период од годината, кои на места ќе достигнат до 15 степени Целзиусови.
– информираат од УХМР.