• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

Никола Мицевски со говор пред историјата:” Кога ќе имаме синтагма Северна Македонија, тоа нема да биде повеќе нашата  држава”

декември 1st, 2018 Македонија коментари 538

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонскиот парламент, Никола Мицевски на денешната пленарна седница на која на дневен ред се амандманските промени на Уставот со кои се менува името и карактерот на Република Македонија при што се брише идентитетот на Македонскиот народ, остро се спротивстави на целокупниот овој процес кој што насила против волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија го спроведува Зоран Заев и неговата власт.

Во продолжение интегрално го пренесуваме целиот говор на Никола Мицевски:

“Почитувана јавност,

Почитувани пратеници,

Премиер на владата на Република Македононија,

Република Македонија ги доживува своите најцрни денови. Истата гарнитура на луѓе кои се противеа на нејзината независност и сувереност како Република Македонија.

Истите кои прифатија ултиматум за промена на националното знаме, истите кои интервенираа во Уставот по грчки барања.

Истите кои прифатија времена формула, наместо Уставното име и со тоа се наметнува сомнеж кај меѓународната јавност за вистинитоста дека со тоа се крши генералното основно човеково право на самоопределување на цел еден народ.

Сега, истите тие, повторно прифаќаат ултиматум со кој што не само се интервенира во Уставот, туку и се бришат и идентитедските одредници, се брише институционалниот идентите, а тоа се името на државата, имињата на државните институции, имињата на оние кои издаваат документи кои служат за лична идентификација на граѓаните – институционален идентитет преку кој што граѓаните на една држава го црпат и докажуваат својот идентитет.

Македонскиот Устав, македонскиот систем од осамостојување до сега, а се надевам дека ќе проработи свеста на пратениците и дека така ќе остане и натаму ваков каков што е, гарантираше право на самоопределување на сите нејзини граѓани.

Неспорно, тоа најмногу важеше за македонските граѓани, за Македонците, за еден народ на кој што и јас припаѓам, кому правото на самоопределување со децении и со векови било оспорувано од надвор, најмногу од аспирациите на своите соседи.

Денес вистинскиот пат по кој треба да зачекори Македонија е патот на демократијата,  тој пат на демократијата единствено води преку вистината, а историјата ќе говори за таа вистина.

Која пак има многу нечиста совест во однос на македонскиот случај.

Единствената вистина е дека ние сме Македонци и нашата држава е Република Македонија.

Но овде денес во законодавниот дом повторно, некој упорно се обидува да ја погази демократијата, денес повторно некој се обидува да го понижи македонскиот народ, денес некој повторно, наместо да се стреми кон обединетост и почитување на граѓаните, доведува до дополнителна општествена поделеност и тензии.

Денес некој повторно ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност а сето тоа е за сметка само на сите свои погубни политики преку урнисување на својата единствена татковина и притоа промената на името, да го претстави како национален приоритет.

Денес прво владата мора да одговори како ја започнa постапката за уставни измени кога  Договорот е спротивен на Уставот и не е објавен во Службен весник?

Ниту Договорот е во согласност со Уставот, а уште помалку е во согласност со Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори.

Голем број врвни експерти од странство се изјаснија дека Договорот е во спротивност и со меѓународното право, односно дека истиот е предавство на меѓународните правила и принципи.

Ова значи дека Владата и натаму го крши Уставот и врз основа на неуставен договор ја подготвува цела постапка за промена на Уставот.

СДСМ и оној потесниот владин круг кој не смогна сила и храброст да изградиме заеднички став и да се постигне национален консензус за вакво сензитивно и доста сериозно прашање, туку реши целиот овој процес како и денес да го води несериозно, неодговорно, нетранспарентно, и единствено воден преку притисоци, уцени, интриги за што сведочи и резултатот на гласањето во доцните вечерни часови на 19 Октомври токму во оваа сала.

За вакво клучно прашање, ниту еден пратеник, ниту една пратеничка група, не беа вклучени, истите не дискутираа, не разговараа со граѓаните во предизборниот период, не беа консултирани во овој национален процес. Некој реши дека самите тие имаат право да решаваат едно крупно прашање и со тоа ги потценија и ги оставија на маргините на овој процес и граѓаните и пратениците.

Но за таквите приоритети кои се клучни за Република Македонија потребно е национална соработка и консензус, за жал некој не сакаше, ниту се потруди тоа да го постигне.

Се донесе Закон за ратификација на Спогодбата (а не за Договор) како што треба да биде, односно личен договор помеѓу двајца премиери, кој што не е потпишан од претседателот на државата. Закон кој што не е излезен во Службен весник.

Сами донесовте одлука за организирање на консултативен референдум со збунувачко прашање, непрецизно, конфузно и сугестибилно. И по резултатите од истиот, со одлуката од ДИК, кој рече дека референдумот е неуспешен, вие решивте да продолжите и постапувате спротивно од волјата на граѓаните. Оттука и само оттука произлегува и бесмисленоста на референдумот од консултативна природа за прашања за кои е нужна задолжителноста и  кои го тангираат Уставот.

Но ваквото водење на процесот од  група на владеачки политичари,  кои наместо да ја почитуваат волјата на граѓаните за ова национално прашање, тие решија од самиот почеток овој процес да резултира со тајни преговори.

Самоволието на владата и владеачкото мнозинство не застанува, па сега ќе ја повикуваат опозицијата за да го подржи процесот, манипулирајќи го народот. Со ова што вие денес сте наумиле да го направите, брутално ја кршите установената демократска практика. Кога еднаш ќе се прекрши правилото, не е изненадување што истото го правите по не знам кој пат, а за жал сето тоа е тоа на товар на граѓанинот.

Колеги пратеници, почитувана јавност… единствено почитувајќи го уставниот поредок и правниот поредок може да го изодиме патот до европското и евроатланското семејство.

Секојдневните политички притисоци во модерната историја на демократијата во Република Македонија е притисокот кој се врши преку погазување на волјата на народот која беше јасно изразена, а со јасна злоупотреба на правото и правдата преку погазување на независноста и севкупниот правен систем што е основна одлика на една демократска држава, но само со една и единствена цел  а тоа е некој да го оттргне вниманието од своите катастрофални политики.

Пораката од народот е испратена до оние кои мораа да ја слушнат, јасно изразена на референдум.

Сите ние треба да ја почитуваме волјата на народот.

Граѓаните на Република Македонија очекуваат решенија, а не проблеми, решенија  а не промена на име. Граѓаните очекуваат поголема благосостојба и просперитет. Сите политички субјекти треба да служат за остварување на тие интереси на граѓаните.

Дали граѓаните треба да прифатат нешто што не е достоинствено, преку погазување на Уставот на Република Македонија.

Денес, не само што некој се обидува да го деградира македонскиот народ, туку се деградираат веќе стекнатите права кои ги имаме во Обединетите Нации. Македонија ја губи суверената еднаквост што произлегува од Повелбата на Обединетите Нации.

Поразот на македонската дипломатија во секој поглед, изневерувањето на очекувањата на граѓаните се темели на нестабилност и на недостоинственост во целиот овој процес.

Преку промена на сопствените лични ставови, некој јавно кажуваше дека нема роден човек во Република Македонија кој е подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Устав. Тоа е недостоинствено за премиер на држава.

Човек кој што не верува во своите зборови и кои истите ги менува, за жал денес не води од таа одговорна функција во овој одговорен процес. Сметам дека и сите вие овде колеги самите не верувате во тие неконзистентни политики на оваа Влада, исто како и граѓаните на Република Македонија кои што се почесто и почесто го кажуваат своето мислиње по однос на неконзистентноста.

Затоа колеги пратеници ве охрабрувам сите вас да ја почитувате одлуката на народот и сите заедно на еден достоинствен начин, преку реформи и  вложен труд, преку исполнување на реформи да станеме дел од европското семејство, но со крената глава.

Граѓаните не го подржаа ова срамно дело за кое Зоран Заев сака да им го наметне, притоа користејќи ги сите недемократски вредности. Впрочем видовме за какви демократски вредности стануваше збор на 19 Октомври.

Почитувани, политиката е прашања на принципи и вредности, оној кој отстапува од таквите принципи, покажува дека нема воопшто принципи ниту пак вредности.

Премиерот тука во Собранието вети дека ќе постапи согласно Уставот и Законот за референдум и ќе се организира задолжителен референдум, како што налага член 120 од Уставот и членовите 23 и 24 од Законот за референдум.

Од оваа говорница пред целата македонска јавност пред нас пратениците, премиерот, прифати референдумот да биде обврзувачки и задолжителен. Тој го прифати советот на колегата Вељаноски… и од оваа говорница господинот Заев, рече..

Го цитирам: – Волјата на граѓаните е највисока и таа се почитува на крајот и затоа ДА референдумот, ве послушувам за советот господине Вељаноски ќе биде задолжителен, а не консултативен. –затворен цитат

Но и тоа ветување отиде во ветер. Владеачкото мнозинство, без да ја консултира опозицијата, без да направи јавна расправа со стручната јавност, донесе одлука за консултативен референдум, спротивно на наведените Уставни и законски норми.

И еве денес свесни сме како и колку од оваа говорница некој ја испочитува волјата на граѓаните. Па нека суди македонската јавност за зборот, принципиелност.

Колку што се сеќава македонската јавност, премиерот во едно интервју изјави: Ќе си заминам ако не успее референдумот во Македонија. Ќе си дадел оставка, и еве не референдумот не успеа па сега јавно го повикуваме да го направи тоа.

СДСМ за своите неуспеси се повикува на ЕУ и НАТО и повторно ја прават истата грешка. ВМРО ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО членство, многу повеќе од сите други, преку почитување на демократските принципи и вредности кои се основни темели на едно европско општество.

Овие процедури кои што вие ги водите, се тотално правно нелегитимни. Централното прашање на секое општество и секоја држава е дали демократијата може да опстане со тензијата помеѓу слободата и поредокот во оваа општествената реалност која што некој сака да ја наметне.

А вие повторно го прескокнувате она што и во кампањата не го кажувавте а тоа е промената на уставното име на Република Македонија. Меѓутоа народот ве прочита и ви го испорача резултатот на самиот референдумот.

Би сакал да потенцирам дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија како и граѓаните недвосмислено се за ЕУ и НАТО, но не и за Република Северна Македонија. Барем еднаш почитувајте ја одлуката и волјата на граѓаните, патем речено од тие исти граѓани кои што сите ние сме избрани.

Повикувам да престанете со злоупотребувањето на остварувањето на нашите стратешки цели и определби. Европската Унија и НАТО не смеат да ви бидат алиби за вашите штетни и погубни политики, за нереализација на реформите на кои што не повикуваат и Брисел и другите европски политичари.

Ви се обраќам вам колеги и би ве прашал сите оние кои го притиснавте зеленото копче на 19 Октомври…. Зошто ние би барале од Грците да не признаат дека сме Македонци … и притоа ние самите да се убедуваме дека сме Македонци кога ова што денес го правиме е сосема спротивно од тоа. Почитувани пратеници ние сме Македонци. Но, за вашите постапки нека суди јавноста во наредниот период.

Владата дозволува мешање во внатрешните работи на државата и одземање на народниот суверенитет, со небулозно име на државата за севкупна и за внатрешна комуникација и идентификација. А за сметка на тоа некој друг, односно соседот се однесува како освојувач и победувач на некој триумф.

Исто како што беше дадена вратоврска со насмевка по потпишувањето на Спогодбата во Нивици, така сега некој во скоро време ќе сака да ни ја предаде и нашата држава. Но народот веќе не верува во насмевки како и на лагите, и на неисполнетите ветувања.

Разберете името на државата е наследно и идентитетско. А македонската јавност е пречувствителна на секоја иритација поврзана со промена на уставното име.

Името Република Македонија го доведовте на собраниско одлучување. Тоа свето име кое вие го прекрстувате во Република Северна Македонија, треба да знаете дека сите ние сме го наследиле името на народот од многуте генерации пред нас, а не сме го изгласале. Такво треба да го оставиме и на идните генерации кои што следуваат после нас.

Еден од столбовите на нашата политика, во изборната програма во 2014 година е дека не прифаќаме промена на Уставот со цел промена на уставното име.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија секогаш ќе ги застапува интересите на граѓаните со почитување на законите и Уставот на Република Македонија.

Го будите македонското прашање, со Вашата лична наведена дефиниција во амандманот XXXIII, каде што во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.

Понатаму, во согласност со договорот, со уставен закон ќе биде утврдена примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.

За да биде запознаена македонската јавност сето ова  ги опфаќа сите органи на управа и институции, вклучително и културни установи, социјални, како и образовни установи.

Станува збор за промена на зборовите Република Македонија со Република Северна Македонија, и на зборот Македонија со зборовите Северна Македонија само со еден нацрт-амандман што е непозната пракса на менување на уставните одредби.

Од номотехнички аспект оваа интервенција е крајно дилетантска, несериозна и до сега неприменета.

Ако се има предвид фактот дека во досегашната пракса на измена и дополнување на законите, а посебно на Уставот секогаш се применува методологијата на прецизно наведување што конкретно се брише, менува, или дополнува во правниот акт, ново воспоставената техника на уставни измени комплетно излегува од досегашен контекст на уставни измени.

Почитувани, дали македонскиот народ се борел за создавање на Република Северна Македонија? Дали тоа ни го оставија предците во државава?

Македонскиот народ избра да не го менува името на државата и националниот идентитет. Но ваквата одлуката на СДСМ да ги иницира уставните измени за бришење на Република Македонија е газење на сопствениот народ, негово потценување и негирање.

Како дојдовме до уставните измени, како дојдовме до амандманите? Секако преку еден затворен, нетранспарентен процес, на тајни преговори со Грција, процес надвор од рамките на ООН, онака како што како партија се договоривте договорите да течат.

Го отстранивте македонскиот преговарач делегиран од Претседателот на државата, ја елиминиравте опозицијата од преговорите, само ослободени од обврската за информирање, потпишавте договор вон сите уставни и законски норми и правила.

Македонија и Собранието сега се доведени пред свршен чин. На владин круг преговарачи на кој тајмингот на потпишувањето на договорот изгледа им беше поважен од квалитетот на договорот, направи и многу крупни незаконски и противуставни грешки, кои самиот процес го прават неуставен, а самиот договор нелегитимен.

Не е точно дека информиравте, затоа што тоа ќе го кажете, дека ја запознавте јавноста, дека ја информиравте опозицијата, претседателот на државата, политичките партии.

Креиравте чувство дека решението, односно решенијата во Договорот се производ на македонското општество, кај граѓаните, кај народот креиравте чувство дека станува збор за туѓо наметнато решение кое Република Македонија и Македонците ги доведува во потчинетост и положба на зависност од друга држава. Тоа е недозволиво и според Уставот е тешко казниво дело.

Тоа чувство за кое што зборував, дека станува збор за наметнато решение, самите го зацврстивте со изјавите на владините први луѓе, од јануари годинава, кога тврдевте дека можно е да се постигне решение со Грција без да се менува Уставот на Република Македонија.

По само четири месеци од таа изјава, во месец мај истите луѓе уверуваа дека единствен достоинствен компромис со Грција е името Република Илинденска Македонија, и дека тоа е веќе договорено на највисоко ниво, а дека доколку не се прифати тој пакет, Министерот за надворешни работи како чин на одговорност ќе си поднесе оставка. Истото знаеме како се заврши и ги знаеме резултатите од тоа дека тука дозволивте ерга-омнес употреба на името.

Ова се доволни индикатори дека Договорот не е ниту во согласност ниту извира од македонските интереси.

Власта во брзање, но и со чисто лукративна цел за да ги збуни граѓаните, да ги излаже граѓаните, да собере што е можно повеќе симпатии за наметнатите политики и непожелни зафати, не се ни потруди да има недвосмислено едноставно референдумско прашање, не се ни потруди референдумското прашање да го усогласи со опозиционите партии или со претседателот.

Спротивно на членот 15 од Законот за референдум, реши да скрои што посимпатично повеќезначно прашање, повторно прекршувајќи го законот и потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните.

За ова зборував и на пленарната седница кога се гласаше за одржување на референдумот и за референдумското прашање. Но и тогаш никој не сакаше да слушне и да размисли за таквиот предлог. ЕУ и НАТО беше мамката која што требаше да ја загризаат граѓаните, прифаќањето на името Република Северна Македонија беше она што треба да се заврши.

Кога сме кај референдумот, мора да се спомене дека државата влезе во неконтролирано трошење, министерства одделија пари иако во буџетите таа ставка им ја немаше, но тоа не спречи да ги злоупотребат позициите, медиумите за претставување, па и пари да се поделат преку собранието за рекламирање на нешто, што немаше никаков допир со реалноста, за она за што се одвиваше референдумот.

Ние сме избраници на народот и додека некој се обидува да го потцени народот, да делува спротивно на волјата на граѓаните, ние колеги треба да се вразумиме и да застанеме на страната на народот кој е против промената на уставното име.

Во извршувањето на нашата функција како пратеници, треба да постапуваме одговорно и сите свои права и должности да ги вршиме врз основа и во рамките на Уставот, законите и интересите на граѓаните на Република Македонија.

Оваа измена на Уставот од формално-правна, но и од материјално-правна причина не смее да биде усвоен од пратениците, бидејќи истиот ги крши темелните вредности на уставниот поредок и неколку члена од Уставот.

Дали единствената намена е кршење на секој отпор против обезличувањето на македонскиот народ, преку историските придобивки од вековната борба за самоопределување, во насока на креирањето на една нова политичка реалност, е прашањето кое што го поставувам?

Нашиот став, ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен во однос на ова прашање, тој е јасен и според законските норми и европските начела.

Ако веќе се стремиме кон европските принципи така треба и да се однесуваме, а не само декларативно, треба да го почитуваме Уставот и законите на Република Македонија.

Иронијата е дека некој денес оди спротивно од нив, некој поради скриени сомнителни интереси се дрзна да оди против волјата на граѓаните јасно изразена на референдум.

Но едно треба да знаеме сите,  кога ќе имаме синтагма Северна Македонија, тоа нема да биде повеќе нашата  држава.”

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Почина поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш (постариот)
Следна објава Новогодишен ананас, уникатен декор во вашиот дом
Може да Ве интересира:
Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

јануари 22nd, 2021 54
"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат
Македонија

"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат

јануари 22nd, 2021 127
Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование
Македонија

Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование

јануари 21st, 2021 183
Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир
Македонија

Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир

јануари 21st, 2021 65
Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!
Македонија

Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!

јануари 17th, 2021 448
Амбасадата на САД во Скопје ја честиташе Стара Нова година
Македонија

Амбасадата на САД во Скопје ја честиташе Стара Нова година

јануари 15th, 2021 85
Електро-енергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучување
Македонија

Електро-енергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучување

јануари 14th, 2021 103
ДАЛИ ИВЕРМЕКТИНОТ ЌЕ ЈА ИМА СУДБИНАТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОРОНА?
Македонија

ДАЛИ ИВЕРМЕКТИНОТ ЌЕ ЈА ИМА СУДБИНАТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОРОНА?

јануари 8th, 2021 25
Македонец ја поминал најважната битка против Ковит-19, но нема пари да си ја купи терапијата. Кој колку може финансиски нека помогне на овој човек
Македонија

Македонец ја поминал најважната битка против Ковит-19, но нема пари да си ја купи терапијата. Кој колку може финансиски нека помогне на овој човек

јануари 6th, 2021 39
Facebook Comments
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

990
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

45
Најнови објави
Јан 23rd 9:27 AM
Политика

ТОТАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Јан 22nd 10:08 PM
Политика

Македонија има сериозни и силни поддржувачи кај унгарската, словенската и хрватската држава

Јан 22nd 5:24 PM
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

Јан 22nd 3:25 PM
Свет

Поетесата Аманда Горман зборуваше за новите времиња за Америка на инаугурацијата на Џо Бајден

Јан 22nd 3:09 PM
Политика

Гласноговорничката на ВМРО-ДПМНЕ под закана за тужба од Дарко Каевски. Му постави дополнителни прашања и обелодени дополнителни факти

Јан 22nd 2:55 PM
Став

Шести ден молк од Шеќеринска и Пендаровски за скандалот со враќање на воените претставници на Македонија од НАТО

Јан 22nd 2:39 PM
Граѓани

Граѓанин на општина Карбинци обвинува дека ЈП Солидарност наплатува вода на покојни граѓани

Јан 22nd 12:43 PM
Став

Љубомир Цуцуловски: ЉУБОВ

Јан 22nd 10:56 AM
Политика

СДСМ и Заев сакаат фалсификат попис за исполнување на превземните политички концесии за одржување на власт

Јан 22nd 10:32 AM
Македонска бесмртност

На денешен ден народниот суд во Кавадарци го осуди на смрт Љубен Апостолов- одговорен за стрелањето на 12 ваташки младинци

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Цветковски: Ќе протестираме пред сите институции кои нема да си ја завршат обврската во врска со прогонот на вработените во Општина Лозово
Граѓани

Цветковски: Ќе протестираме пред сите институции кои нема да си ја завршат обврската во врска со прогонот на вработените во Општина Лозово

Јан 18th, 2021 493
Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!
Македонија

Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!

Јан 17th, 2021448
Шести ден молк од Шеќеринска и Пендаровски за скандалот со враќање на воените претставници на Македонија од НАТО
Став

Шести ден молк од Шеќеринска и Пендаровски за скандалот со враќање на воените претставници на Македонија од НАТО

Јан 22nd, 2021373
Кампањата "Курто-Мурто" или "Сите се исти" е најскапата пропаганда која ја води власта за пасивизација на граѓаните да не излегуваат на избори
Глас од истокот

Кампањата "Курто-Мурто" или "Сите се исти" е најскапата пропаганда која ја води власта за пасивизација на граѓаните да не излегуваат на избори

Јан 17th, 2021343
Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта
Институции

Бочварски: Ако се скапи патарините до Штип, може да се патува преку Велес или по локалните патишта

Јан 13th, 2021289
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
Monica Bellucci 104
Monica Bellucci 126
37888370 10212965001065659 3383167669162213376 n
BeFunky-collage-21-1
Kelly Brook 15
57032251 335328067342454 7183551506589679616 n
36710262153 815af101b2 o
burning man 2017 06
COB Shoot-3 0223-585x390
28-09-2018-1538199787
Monica Bellucci 17
37513815852 ebfe25c418 o
56408559 2084726598290646 369560426624581632 n
dan stevens 05
58779033 1370908053034409 1352114575897526272 n
Monica Bellucci 03
Jason Statham 03
30-05-2018-1527684183
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.