Ако сте љубители на забавата и на адреналинските авантури, фестивалот When in Krusevo е вистинската локација за вас.
Од 30 јуни – 01 јули , ве очекува незаборавен викенд на над 1,000 метри надморска висина исполнет со многу активности и забава на отворено. Еден од нај авантуристичките фестивали во Македонија, е токму на крушевското езеро When in Krusevo.
Ве очекуваат голем број на спортски настани и тури – мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со Kayak Adventures / Кајак Авантури, тандем параглајдинг со Heli XC, off-road уживање со бубите на The Beetles Club, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетници и уште многу други активности!

Во Програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски. Вечерите се резервирани за добра забава со Igor Dzambazov и GURU HARE, Beta House Band, DJ-и и секако греми наградуваната реге атракција од Јамајка Inner Circle!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист