Грижата за животната средина е на највисоко ниво кај локалните власти во Македонска Каменица. За таа цел локалните институции во ова крајно-источна општина врз основа на долгорчен план и активности покажуваат во јавност како се води грижа за чистата и здрава животна средина.
“Чистењето на јавните површини во Општина Македонска Каменица се одвива непречено и покрај делумно отежнатите услови за работа предизвикани од ниските температури.
Денеска, вработените во Јавното претпријатие задолжени за комунална хигиена и јавна чистота спроведоа целодневна еко акција околу регионалниот пат од излезот на Македонска Каменица кон Делчево.
Во зависност од поволноста на временските услови ќе продолжиме со реализација на еко акции и во останатите делови од нашата Општина.”
-информираат од Јавното Прретпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип