Екипи на вработени на Јавното Претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица деновиве работат на расчистување на делови од регионалниот пат Виница- Македонска Каменица- Делчево на двата влезови на градот на регионалниот пат А3.
Паралелно со тоа вработените работат и на расчистување на повеќе локации во Македонска Каменица.
“Продолжува акцијата за чистење на околу коловозните простори при влезовите во Македонска Каменица
Чистењето, покрај редовното собирање на отпад, опфаќа и отстранување на високостеблести дрвја и џбунести растенија, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Исто така, продолжува редовното спроведување на акциите за чистење на останатите јавните простори во градот и во останатите приградски и рурални делови од Македонска Каменица.”
-стои во соопштението упатено до јавноста на Јавното Претпријатие Камена Рака од Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уметноста на Марина Убавккова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста
40 годишник од Кочани физички нападнал малолетни роднини во нивниот дом
GTA на винички начин: 65 годишник од Виница правел лом во сообраќајот