Денеска се одржа средба, социјален дијалог помеѓу претставници од Општина Кочани, Министерството за образование и наука, Стопанската комора на Македонија, директорите на двете средни училишта во Кочани и претставници од бизнис секторот од Кочани и Виница, со цел консултации на компаниите и средните стручни училишта за унапредување на дуалното образование и креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот.
Социјалниот дијалог се реализираше по спроведената анализа која дефинира јасна слика за постојните профили кои ги нудат училиштата, нивната усогласеност со потребите на компаниите и подготвеноста за соработка на компаниите со средните стручни училишта на локално ниво.
Дуалното образование овозможува подготвен, квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, со што се зголемува можноста за вработување на младите на локално ниво.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили