БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали ќе се стави крај на загадувањето на амбиенталниот воздух од емисии на издувни гасови во Кочани?

Пренеси го гласот

Заменикот на народниот правобранител на Република Македонија Јован Андоновски ја инфоримираше јавноста дека се постапува во однос на проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух во Кочани, што беше причина за серија на граѓански протести во изминатиот период.

Граѓаните на кочани преку свои иницијативи во последните неколку години формираа своевиден фронт за борба против енормното загадување на амбиенталниот воздух кој што го наршува квалитетот за живот на сите граѓани на Кочани.

“Конечно добра вест

На барање на Народниот правобранител, беше извршен надзор над правен субјект од Кочани од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

☠️Констатирано е дека емисиите на CO се 20 пати повисоки од дозволеното, а на прашина 4,5 пати повисоки од граничните вредности.

На субјектот загадувач му е наредено:

– да не го користи котелот на пелети, туку да користи само природен гас со рок од 5 дена (со редовни мерења)

bregalnickimarketing

– изречена мерка за сторен прекршок.

За здрава животна средина 🤝🌲

-соопшти во оваа прилика Јован Андоновски- Заменик Јавен правобранител.

Креирано од:


Пренеси го гласот