БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пак гори депонијата во с. Лески, виничко

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И покрај предизборните ветувања во својата програма со која ја добија довербата од граѓаните на Виница во 2017 година, локалните надлежни власти речиси и да не обрнуваат внимание на еден од најголемите еколошки проблеми во општината.

По кој знае кој пат повторно гори депонијата во село Лески со што претставува еколошка катастрофа за околниот регион, без соодветна реакција на надлежните власти кои што дебело се платени од парите на граѓаните за превенција и справување со вакви или слични проблеми. Впрочем и надоместокот кој што го издвојуваат секој месец граѓаните на Виница кој го плаќаат за јавна чистота преку сметките за вода е токму со оваа намена. Но очигледно актуелните локални власти имаат поважни приоритети наместо решавањето на проблемите на граѓаните за кои што собираат пари.

Во врска со ваквиот проблем, повторно по којзнае кој пат упатија своја реакција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Виница со надеж дека ќе се подигне свеста кај надлежните да го решат истиот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Чиста вода и чист воздух, редовно чистење и одржување на депониите, беа само еден мал дел од ветувањата дадени од сеуште актуелната локална власт.Сепак овие 4 години нивната неспособност, неажурност и незаинтересираност посебно ја демонстрираа преку депонијата во с.Лески. Цела недела и по којзнае кој пат овие 4 години депонијата гореше и беше оставено самата по себе да изгасне и се стабилизира!”

-стои во писмената реакција упатена до јавноста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace