БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пак почнаа: Ред се редат море мале, странски емисари за промена на уставот на државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за надворешни работи на Шпанија Хосе Мануел Албарез Буено денес од Скопје порача дека е потребно да се направат уставните промени во парламентот за да Македонија продолжи по својот евроинтегративен процес.

Тој на прес конференцијата во Министерството за надворешни работи заедно со Бујар Османи соопшти дека Шпанија го подржува европскиот пат на Западен Балкан.

-Не сум сигурен дека ако ја пропуштиме оваа шанса нема да ги направиме истите уставни измени меѓутоа повторно после 10 или 15 години откако уште половина милион народ ќе отиде од државата и ќе се изгуби надежта за европска перспектива со сите последици што ги има, рече Османи во одговор на новинарско прашање по прес-конференцијата со шпанскиот колега Хосе Мануел Албарез Буено во Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како и пред насилната и противуставна промена на уставот со која се промени името на државата, Македонија беше буквално окупирана од странски политичари кои што ветуваат дека тоа е потребно да се направи за евоатланските перспективи на државата и сега се очекува сличен пресинг на странски политичари кои што ќе ветуваат се и сешто за да се направат измените за внесување на бугарите во уставот на државата.

Дали и на каков начин ќе одолее Македонија на ваквите емисари останува да видиме, но ВМРО-ДПМНЕ категорично преку својот претседател Христијан Мицкоски изјави дека промена на уставот под диктат на Бугарија нема да има.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace