БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пандов вечерва ќе ги презентира идните чекори и цели на делување на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов од вечерва започнува со крстосување на Македонија за да ги презентира целите и идните чекори за делување на оваа нова организација во рамки на опозициската партија.

Вечерва (петок, 25.09.2020 година) Пандов ќе биде помеѓу граѓаните на општината Кисела Вода во Скопје на средба со почеток во 18.00 часот.

На средбата која е од отворен карактер се поканети сите загрижени граѓани за состојбите во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Голем број граѓани на социјалните мрежи упатија повик Пандов да ги посети и останатите градови низ државата на средби каде ќе может да поразговараат со него за актуелните состојби.

Во продолжение го пренесуваме соопштението кое што лично Пандов го упати по повод оваа средба:

“Браќа и сестри.

Имам чест и задоволство да ви испратам отворена покана до сите членови, подржувачи и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, но и до сите загрижени граѓани и граѓанки на Република Македонија, да дојдете вечерва во 18 часот во салата на општина Кисела Вода и во 20.30 часот во партиските простории на ОК Аеродром, каде ќе ви ги презентирам идните чекори и цели на делување на новоформираниот Патриотски институт на ВМРО.

Секако дека ќе поразговараме и за актуелната политичка состојба во Република Македонија!

#ДаЖивееВМРО⚫️🔴👌🏻

#ДаЖивееРепубликаМакедонија🇲🇰“

https://www.facebook.com/AleksandarPandov.MKD/posts/388332649228540

Креирано од:


Пренеси го гласот