БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пандов за кукољот во ВМРО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Низ ВМРО од 90-та до сега, но ако сакате и пред 90-та еве од 1893 година до денес поминале цела армија на македонски родољуби и патриоти, на кои единствената идеа и мотив за борба им била Македонија слободна и обединета! Македонската несреќа била што во таа борба на почетокот на минатиот век, најголем дел од водачите на ВМРО биле убавани од предавници и шпиони во нивните редови, во замена за златници и привилегии.

За жал тоа вмровско проклетство и традиција, во амбарот да има многу мал број, но исклучително расипан кукољ (предавници и платеници) го следи и обновеното ВМРО од 1990. Човек би можел да напише ,,Црна книга” кои се не роварел низ партијата и работел за туѓи бели дворови. Ги има такви кои работеле за домашните, но и такви кои работеле за странски служби и партии.

Класично пример за модерно предавство е настанот од 27 Април 2017 и се што се случуваше подоцна, до гласањето за промена на Уставот. Предавниците се ослободени од обвиненија од Рускоска и наградени од Заев со тендери и привилегии, а патриотите како терористи (Гемиџии) осудени со драконски казни од по 15 и 18 години робија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За кукољот во историското ВМРО постоел Ќосето, а во денешното тоа е исклучување од партија. Не можам да го разберам степенот на толерантност кон члено како Бунтур, кој отворено говори и пишува од позиции на Заев и Каракачанов против Македонија и Македонизмот, а му е дозволено и понатаму да се престставува како загрижен член на ВМРО-ДПМНЕ.

#КукољотНадворОдАмбарот

Став на Александар Пандов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace