Починат на денешен ден на 68 годишна возраст во 1951 година Павел Шатев е последниот гемиџија кој што целиот свој животен век го посветил на каузата за МАкедонија.
Тој има напишано повеќе книги во кои се гледа неговата општествена големина што е од огромно значење за Македонската држава.
Еден од неговите познати цитати гласи:
“Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да може македонското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава… Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот..“
Нека му е вечна слава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчевчани знаат кои се и што сакаат: “Македонијо во срце те носиме” силно одекна покрај Брегалница под вечниот Голак!
Си замина македонскиот мајстор на карикатурата: Јордан Поп Илиев (1940-2025)
На денешен ден згасна животот на Методија Андонов Ченто. Неговите заслуги за Македонија се светол патоказ за сегашните и идни генерации