БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кратовчани одадоа почит на својот Павел Шатев по повод 73 годишнината од неговата смрт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Кратово Тодорче Николовски заедно со свои сограѓани и почитувачи на делото на последниот гемиџија Павел Шатев денеска оддадоа почит пред неговата биста во неговиот роден град Кратово.

ЌВо чест и сеќавање на Павел Шатев истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од легендарните солунски атенатори, денеска во Кратово се одбележа годишнината од смртта на нашиот сограѓанин со положување на свежо цвеќе од повеќе делегации во градот предводена од Градоначалникот Тодорче Николовски и беше одржана панихида на спомен бистата пред Основен суд Кратово.

⚖️Павел Шатев (1882-1951)⚖️

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Роден во Кратово. Живеел 69 години. Издржал три затворски казни во траење од 11 години, четири војни и 50 години бил учесник во македонското револуционерно движење. Двапати бил осудуван на смрт. Двете пресуди ги преживеал. Не ја преживеал пресудата на државата за која го давал животот. Умрел во затворската болница во Битола.

🕯Вечна му слава!🕯

-напиша на социјалните мрежи Тодорче Николовски- Градоначалник на општина Кратово.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace