На иницијатива на раководството на клубот на пензионери-хуманисти „Анри Динан“ при Црвен крст Неготино, а со поддршка на ЈП„Комуналец“, голема група пензионери реализираа акција за чистење на делови од градот.

Акцијата ја спроведоа членови на клубот преку чистење на јавни површини, повеќе улици и тротоари, со цел, како што истакнаа од иницијативниот одбор, како што сакаме дома почисти дворови, така сакаме да имаме и почисти јавни површини со посебен акцент на чистотата во централното градско подрачје, маркетите и производствените погони.

Како што истакнаа учесниците во акцијата, со оваа скромна активност целта е да се поттике вклучување во вакви и слични акции на сите категории граѓани кои живеат во Неготино, пред се помладите генерации, училиштата, културните институции и други, а со тоа самите да придонесеме да имаме почист град и да живееме и егзистираме во почиста животна средина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!