БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Работилница во Едукативниот центар Негрево – Пехчево на тема заштитени подрачја

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Едукативниот центар за зачувување на природата во селото Негрево, Пехчево, Македонското еколошко друштво во соработка со Едукативниот центар организираше работилница за спроведување на симулацијата ComMod со ученици од Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани и од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово.

Целта на иновативниот пристап Companion Modelling е преку користење симулација младите од таргет-регионите, да се запознаат со термините заштитено подрачје и управување со заштитени подрачја како и со предизвиците и предностите од воспоставувањето на заштитени подрачја.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На работилниците учествуваа вкупно 30 ученици и десетина професори од двете училишта. Оваа активност се организирана во рамки на процесот за воспоставување на нови заштитени подрачја „Осогово“ и „Ченгино Кале“ во Брегалничкиот Регион, кој се води во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој на соработка.

Работилниците се поддржани од Швајцарската организација „Хелветас“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace